6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

СТРАШНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН ВО КАНАДА

Десетици илјади школки, морски ѕвезди и полжави се варени на плажата во Ванкувер, откако Канада ја погоди рекорден топлотен бран, најсилниот во историјата на земјата.

Крис Харли, морски биолог на Универзитетот во Британска Колумбија, забележал помор кога во неделата почувствувал непријатен мирис како се шири од правецот на плажата Кицилано. Во интервју за канадската телевизија ЦБЦ, Харли изјави дека бил шокиран кога го открил изворот на мирисот.

Екстремно високи температури беа регистрирани во Британска Колумбија на крајот на јуни, три дена по ред. Измерени се рекордни 46,6 степени на 29 јуни, пренесува Business Insider.

Не е јасно кога школките настрадале. Харли објаснува дека повеќето морски животни кои живеат во крајбрежната област можат да издржат максимум 30 степени на температура. Термографските слики направени на 28 јуни покажаа дека температурата на бреговите на Ванкувер е околу 50 степени.

Смртта на морски животни привремено ќе влијае на квалитетот на водата во областа затоа што школките ја „филтрираат“ водата, рече Харли, додавајќи дека врз основа на достапните податоци за смрт на животни во водите околу Ванкувер, тој пресметал дека е можно на сличен начин да починале повеќе од милјарди животни кои живеат во крајбрежната област на блиското Салиско Море.

Ова не е првпат топлотен бран да убива школки. Најголемата смрт на школки е регистрирана во 2019 година, кога жежок бран ја зафати Калифорнија.

Температурите на воздухот во Канада беа толку интензивни што шумските пожари создадоа пирокумулонимбуси, облаци кои можат да создадат молња и торнада и на тој начин да предизвикаат нови пожари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести