Една работа во никој случај не се препорачува по посетата на овој објект
Полскиот „Dip spot“, до вчера најдлабокиот базен на светот, длабок 45 метри, веќе не е сопственик на престижната титула.
Таа чест од денес припаѓа на базенот „Deep dive“ во Дубаи, кој е длабок 60 метри и исполнет со 14 милиони литри вода, што одговара на обемот на дури шест олимписки базени.
Поради сето горенаведено, овој потфат на инженер од Дубаи веднаш влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Засега, само професионални нуркачи можат да влезат во базенот, додека тој ќе биде отворен за другите дури на крајот на годината. Она што најмногу ги изненади нуркачите е тоа што температурата на водата постојано е 30 степени.
An entire world awaits you at Deep Dive Dubai the world’s deepest pool, with a depth of 60 meters (196 feet) #Dubai pic.twitter.com/GCQwxlW18N
— Hamdan bin Mohammed (@HamdanMohammed) July 7, 2021
Од друга страна, тие имаат и зборови на критика кога станува збор за чувството на слобода во него или околу него, бидејќи тој е опкружен со дури 56 камери. Сè може да се најде во базенот. Постојат посебни простории слични на оние во античка, буржоаска Франција, на пример, базенот има простории за рекреација, па дури и за билјард.
Она што креаторите на базенот им го препорачуваат на сите е по нуркањето во него, во следните 24 часа да не одат на врвот на славната Бурџ Калифа, за да не им се слоши.
