10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Мајкрософт ги повика корисниците веднаш да го ажурираат Виндоус

Мајкрософт ги повика корисниците веднаш да го ажурираат Виндоус, откако беше откриена грешка во тој оперативен систем, пишува Си-Ен-Ен.

Проблемот настана откако истражувачите од компанијата за сајбер безбедност Сангфор ненамерно објавија детални упатства за тоа како да се искористи грешката PrintNightmare во рамките на услугата Windows Print Spooler. Патем, услугата Windows Print Spooler, им овозможува на повеќе корисници пристап до истиот печатач.

Експертите на крајот на мај објавија дека ја откриле оваа грешка и го известиле Мајкрософт за тоа. Иако тие веднаш ги отстранија упатствата за користење на грешката, тие беа објавени и на други страници, вклучително и на GitHub.

Мајкрософт одговори со изјава во која се наведува дека хакерите, користејќи ја грешката, можат да ја преземат контролата над компјутерот, да избришат и инсталираат датотеки и да додадат нови кориснички профили со целосни кориснички права, што ќе им даде голема контрола врз компјутерот и може да предизвика сериозна штета.

Мајкрософт ги повика сите корисници на Виндоус 7 и 10 да ги ажурираат своите компјутери веднаш преку услугата Ажурирање на Виндоус за да се реши потенцијално сериозен проблем. „Наскоро се очекуваат ажурирања за Windows Server 2016, Windows 10 верзија 1607 и Windows Server 2012“, се вели во соопштението.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести