20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Кај децата од Гевгелија е утврдена вирусна инфекција која не е поврзана со ковид

Вирусна инфекција која што не е поврзана со ковид 19 е причина за невообичаената респираноста инфекција утврдена кај педесетина деца во Гевгелија, покажало испитувањето на тимот доктори од клиниката за детски болести.

Децата од Гевгелија кои што пројавија респираторни заболувања и за кои што се стравуваше дека можеби се заболени од коронавирусот, по деталните истражувања резултатите покажале дека имаат само обична вирусна инфекција, смирува министерот за здравство Венко Филипче.

„Сакавме да потврдиме, односно да исклучиме е дали има некаква врска со ковид, затоа кај сите деца се направи серолошка анализа на крвта за да се види дали евентуално имаат антитела, односно дали изминатава година го поминале ковидот, асипмтоматски, тоа не е случај, ниту едно дете нема антитела за прележан на ковид.

Покрај Гевгелија, појава на слични респираторни заболувања кај децата има и во Скопје, кои што се регистрирани во детската клиника во Козле, информираше министерот, кој што лоцираше на што се должи тоа што десетици деца наеднаш пројавија вакви симптоми.

„Очигледно е сега дека имуниот систем на некој начин проработува поради тоа што подолго време биле изолирани, и сега доаѓаат децата како што се раздвижуваат, во контакт со предизвикувачи и на тој начин реагира имуниот систем, значи нема некој простор за паника.

Во однос на проширувањето на Делта сојот, засега не се регистрирани нови случаи, а, како што соопшти министерот МАНУ ќе треба да го дадат одговор дали четворицата тетовци, за кои што се стравува, се заразени со Јужноафриканскиот сој.

Околу рестрикциите, министерот вели дека засега ситуацијата е мирна со поединечни случаи, но засега не е на видик ризик за зголемување на бројот на пациенти, така што нема да се променат рестрикциите на границите, а и граѓаните засега ќе продолжат да живеат со постојните мерки.

Во училиштата засега остануваат протоколите кои што генерално важат, а по кое од трите сценарија децата ќе ја започнат учебната година од септември, ќе покаже епидемиолошката состојба во идниот период.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести