Овен
Љубов:
На средбата со саканото лице ве очекува недоразбирање или нова дискусија. Вие сте поинаку ориентирани.
Работа:
Треба да завршите некоја започната работа, дури и кога има различни мислења меѓу соработниците.
Здравје:
Потрудете се да ги решите вашите внатрешни конфликти.
Бик
Љубов:
Изгледате прилично вознемирено и потешко ги контролирате своите емотивни импулси. Честопати го губите трпението пред саканата личност.
Работа:
Нема причина некој да ве оптеретува со погрешни идеи или да го ограничува вашето деловно и социјално влијание.
Здравје:
Избегнувајте ситуации што ве исцрпуваат.
Близнаци
Љубов:
Работите што ви изгледаат интересно, партнерот ги набљудува со одредена доза на недоверба и има поинаква теорија.
Работа:
Нема потреба да жалите за пропуштената можност, блиските соработници нема да ви дозволат да страдате поради ситни интереси.
Здравје:
Нема причина да се оптеретувате со нови сомнежи.
Рак
Љубов:
Топлите емоции секогаш имаат лековито дејство, затоа вниманието насочете го на вашата сакана личност. Планирајте некоја омилена забава.
Работа:
Не вреди да се изложувате на голем умствен напор или да и се спротивставувате на личност која ужива добра репутација и шири деловно влијание.
Здравје:
Насочете ги мислите во позитивна насока.
Лав
Љубов:
Иритирани сте од однесувањето или намерата на партнерот да ве доведат до вашиот избор. Некој во вас буди желба за емоционална доминација.
Работа:
Вие делувате ангажирано на различни страни. Вие најдобро функционирате кога се потпирате на лична проценка и сила.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации и одржувајте ја присебноста.
Девица
Љубов:
Прикривајќи ја вистината, оставате лош впечаток на вашата сакана личност. Важно е да ја видите вашата грешка.
Работа:
Имате впечаток дека страдате од лоши влијанија и не сакате да прифаќате различни правила што ве ограничуваат во изразувањето.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации, задржете ја присебноста.
Вага
Љубов:
Избегнувајте емотивни провокации што можат да ве наведат на лошо однесување.
Работа:
Вие постапувате мудро или смислено кога се среќавате со соработниците. Нема потреба да се однесувате нападно.
Здравје:
Ќе ви годи забава.
Скорпија
Љубов:
Се чувствувате емоционално несигурно и барате некое помирно прибежиште за да размислите. Помирете ги мислите и чувствата.
Работа:
Ви претстои нова деловна дилема. Покажете дека имате доволно храброст и прифаќате одговорност за своите постапки.
Здравје:
Ќе ви годи прошетка или престој во природа.
Стрелец
Љубов:
Обидете се да одржите оптимистичко расположение и доверба во вашиот партнер. Некој ќе ве направи среќен на исклучителен начин.
Работа:
Обрнете внимание на разни состаноци или интересни идеи кои имаат значително влијание врз понатамошниот тек на деловната соработка.
Здравје:
Важно е правилно да ја насочите вашата креативна енергија.
Јарец
Љубов:
Партнерот вешто крие дел од вистината. Понекогаш не е лесно да се докаже вистината, дури и кога сите предности се на ваша страна.
Работа:
Нема потреба да се обвинуваат другите за погрешна проценка. Обидете се да го поправите вашето однесување во согласност со заедничките интереси.
Здравје:
Ќе ви годи некоја од техниките на психолошка релаксација.
Водолија
Љубов:
Фасцинирани сте од розовата слика и имате големи очекувања. Нема причина за прекумерно експонирање во непознато друштво.
Работа:
Ви недостасува претпазливост, постепеност и трпеливост, како главни адути што вешто ги користите во деловните преговори.
Здравје:
Важно е правилно да ја насочите вашата креативна енергија.
Риби
Љубов:
Во средбата со некој близок, користете „испробан рецепт“ за емоционална интимност. Добрата волја прави чуда.
Работа:
Понекогаш сè станува релативно. Избегнувајте варијанта „сè или ништо“ и разни предизвици што можат да ви наштетат.
Здравје:
Забавете го брзото темпо, опуштете се.
