Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ
Предлог ребалансот на буџет на СДСМ е во насока на чист предизборен поткуп. Планот не е развоен, туку стагнирачки и ги фрла граѓаните во долгови.
Со ребалансот на буџетот СДСМ ќе го зголеми дефицитот за 200 милиони евра, и со тоа тој ќе биде 750 милиони евра. Тие 200 милиони евра се пари кои владата ги нема, и ќе треба да се задолжи за да ги добие. Со тие 200 милиони евра кои треба да ги земе како заеми владата не прави ништо ново, туку го покрива поткупот.
На сето лудило од власта и ненормално трошење на пари, истата крати од парите наменети за изградба на нови училишта и од парите за екологија.
Зелената коалиција на СДСМ и ДУИ може е зелена по лиценците за марихуана кои ги издава, а за се друго е црна.
Екологијата е на црната листа на СДСМ. Животната средина е на последно место на оваа власта, а сведок за тоа се дивите депонии низ сите општини, нечистите локални самоуправи и парите кои се издвојуваат за подобрување на условите за заштита на животната средина.
Односот на СДСМ кон буџетот е недомаќински и арамиски. Време е тоа да запре. Време е за Македонија за сите луѓе!
