21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

231 санкционирани возачи во Скопје, 76 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 231 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 17 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 18 за возење без возачка дозвола.  

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, 64 санкции за непрописно паркирање.  
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести