Албанскиот премиер Еди Рама се уште не може да прифати дека неговата земја не доби датум за почеток на преговори со Европската Унија. Откако веднаш после самитот на ЕУ, ја критикуваше унијата сега повторно не го криеше своето разочарување.
Рама рече дека заживувањето на национализмот во Европа ги попречува плановите за проширување на ЕУ во неговата земја и другите земји во регионот.
„Работите се променија и се сменија во погрешна насока за сите нас“, рече Рама на конференцијата во Атина организирана од грчката влада и британското списание „Економист“, пренесува агенцијата АП.
„Некогаш ни беше речено дека овој процес, процесот на интеграција, на пример, ќе го потисне балканскиот национализам. Но, погодете што? Денес сме заложници на европскиот национализам. И ова е тажно. Многу е тажно”, рече Рама.
