Маск им се придружи на милиони луѓе на Твитер кои сакаат да ѝ помогнат на „заробената“ пејачка.
Free Britney
— Elon Musk (@elonmusk) July 5, 2021
Илон Маск (50) искажа поддршка на американската пејачка Бритни Спирс (39) среде битка да се ослободи од старателството, кое нејзиниот татко и другите старатели го имаа над неа веќе 13 години.
Имено, генералниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ на компанијата објави зборови на поддршка за поранешната поп принцезата на Твитер.
– Ослободете ја Бритни – напиша Маск на Твитер и на тој начин им се придружи на милиони луѓе кои сакаат да ѝ помогнат на „заробената“ пејачка.
Маск има 57,8 милиони следбеници на споменатата социјална мрежа, а овој твит им се допадна на повеќе од 425 000 луѓе. Пораката беше ретвитувана 17.000 пати, а зборуваше и неговата партнерка, канадската пејачка Грајмс.
Имено, таа му напишала порака на својот партнер на кого му испратила:
„Благодарам“ – му се заблагодарила Грајмс на Илон, за поддршката што тој ѝ ја изразил на Бритни Спирс.




Да потсетиме, американската поп sвезда Бритни Спирс неодамна сведочеше на суд за прв пат против нејзиниот татко Џејми Спирс, кој има целосно старателство и контрола над неа, цели 13 години.
Пејачката пред судот изјави дека нејзиниот татко целосно ја контролира и дека тој „го сака тоа“ Нагласи дека поради тоа има трауми и дека сака да преземе контрола над нејзиниот живот.
– Трауматизирана сум. Само сакам да си го вратам животот – рече Бритни, меѓу другото, на суд, пренесува „Би-Би-Си“.
Да потсетиме, Џејми се стекна со контрола над личните и деловните активности на неговата ќерка по судски налог во 2008 година, откако Бритни беше хоспитализирана во ментална установа.
