Американскиот шампион во јадење ход-дог го собори сопствениот рекорд, проголта 76 сендвичи со виршла за 10 минути за време на натпреварот во Њујорк.
Eyои Чеснат, познат под прекарот „Вилица“, победи по 14-ти пат по ред на традиционалниот меѓународен натпревар за јадење виршли, што се организира на 4 јули, на Денот на независноста на САД.
Чеснат, кој лани изеде 55 сендвичи, оваа година изеде 26 хот-дога повеќе од неговиот главен конкурент Џефри Еспер.
Поради пандемијата со коронавирусот, натпреварот не се одржал во ресторан, туку во парк каде имало околу 5.000 луѓе.
