5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Претрес во Тетово, пронајдени кокаин и екстази

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (07.07.2021) од 14 часот и 30 минути до 16 часот, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Н.А.(32) во тетовско Доброште, каде биле пронајдени кокаин, дигитална вага и МДМА (екстази). Н.А., кој претходно бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, со соодветен поднесок е изведен  пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена.
Н.А. се сомничи дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик и вчеравечер (7 јули) тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести