8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

ПАНОВСКИ: На 17% вакцинирани прво треба да се вакцинираат возрасните и ранливите групи, а не децата

Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека државата треба да се фокусира на вакцинација на возрасните и ранливите групи на граѓани, а не децата,

Тој тоа го изјави за „360 степени“ во врска со најавите од Министерството за здравство дека од понеделник ќе се дозволи вакцинација на деца од 12 до 16 години со вакцината „Фајзер“.

– Мислам дека прво треба да се вакцинираат луѓето над 60 години. Не знам зошто би се вакцинирале децата, мислам дека целата работа е некако наопачки, рече Пановски.

Тој додава дека вакцинирањето е доброволно и пак ќе си ги вакцинираат децата оние што веќе се вакцинирани и нема да се заштитат фамилиите каде никој не е вакциниран.

– Не знам, може е само најава, но очигледно има потреба да се вакцинираат ранливите, ризичните групи на граѓани. Не е во ред да се заштитуваат тие луѓе со тоа што ќе ја вакцинираме нивната околина и тоа децата кои лесно го поминуваат вирусот. На 17  проценти вакцинирани граѓани да се зборува за вакцинирање на деца, тоа не ми е логично. Тоа може да се зборува кога ќе имаме 75-80 отсто вакцинирано население, вели Пановски.

Според него, околу 70 отсто од децата досега се природно имунизирани и засега, не би препорачал нивна вакцинација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести