Пејачката Гвен Стефани и нејзиниот вереник, кантри пејачот Блејк Шелтон, по шест години врска, решија врската да ја крунисаат со брак.
Парот го кажа судбоносното „да“ на 4 јули, во неделата на неговиот луксузен имот во Оклахома, објавија странските медиуми.
Немаше многу гости на венчавката, но таа беше убаво украсена на масите со цвеќиња и сè се случи во капелата што Блејк си ја направи за оваа пригода.
Двојката се сврши во октомври минатата година, а пејачката се пофали со прстенот на социјалните мрежи.
Тие се запознаа во 2014 година, кога обајцата беа судии во американскиот The Voice и обајцата се разведоа од своите поранешни партнери во исто време.

– Бевме на истото место. И двајцата се чувствувавме изневерени и кога дознавме дека минуваме низ истото, тоа нè поврза – рече Блејк во една прилика.
Инаку, Гвен има три сина од бракот со Гевин Росдејл (55), а Кингстон, Зума и Аполо живеат со неа и Блејк. Семејството поголемиот дел од оваа година го помина на неговиот ранч во Оклахома.
