11.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

МЕРКЕЛ: Германија ќе донира три милиони дози на вакцини за земјите од Западен Балкан

Германија ќе им даде три милиони дози вакцини против КОВИД-19 на земјите од Западен Балкан, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

„И (ќе) го сториме тоа што е можно побрзо“, додаде таа на прес-конференција по „Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан 2021 година“, на кој таа беше домаќин, објави Ројтерс.

Овие донации следуваат откако побогатите држави во Европа си ги приграбија вакцините, а земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија доцнеа со вакцинација и со набавка на вакцини. Единствена која се издвои беше Србија која е подобра  од повеќето западни земји и за која по целиот свет се кажувата пофални зборови поради доброто менаџирање со вакцините.

Пред Германија и Данска најави донација за Западен Балкан, а засега не е познатто која земја колку ќе добие од германската донација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести