spot_img
26.8 C
Skopje
вторник, јули 6, 2021
spot_img

Кејт Мидлтон иде во самоизолација

Палатата изјави дека војвотката не чувствува никакви симптоми

Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, сопругата на принцот Вилијам, беше ставена во изолација откако се дозна дека била во контакт со личност која е позитивна.

Војвотката беше изолирана во палатата Кенсингтон, а кралското семејство не соопшти каде се случил контактот, туку само изјави дека таа била во близина на заразеното лице минатата недела, а некои медиуми шпекулираат дека контактот се случил на Вимблдон.

Кејт, која ги прими и двете дози на вакцина, отиде со сопругот и синот да го гледаат натпреварот Англија-Германија на Вембли во вторникот.

– Нејзиното височество нема симптоми, но ги следи упатствата и ќе биде во самоизолација – беше објавено од палатата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести