9.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Забрането движење во шума од 6 до 20 часот секој ден

Јавното претпријатие „Национални шуми“, известува дека со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, воведе делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република  Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Делумната забрана за движење во шума, важи во период од 6 до 20 часот и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести