10.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

ДAЛAЈ ЛАМА НАПОЛНИ 86 ГОДИНИ

Тибетскиот духовен водач, Далај Лама, кој денес наполни 86 години, им се заблагодари на своите приврзаници и на Индија, каде што живее откако ја напушти својата татковина во 1959 година.

„Сакам да изразам длабока благодарност до сите мои пријатели кои навистина ми покажаа љубов, почит и доверба“, вели Далај Лама во видео пораката.

Тој ја повтори својата мисија да му служи на човештвото и ги повика своите приврзаници да бидат сочувствителни.

„Откако станав бегалец и се сместив во Индија, целосно ја искористив индиската слобода и верска хармонија“, рече тој, додавајќи дека има голема почит кон индиските световни вредности како што се искреност, каруна (сочувство) и ахимса ( ненасилство).

Во Централната тибетска администрација е одржана мала прослава, на која присуствуваа главно владини претставници.

На проектираниот екран беше пуштена видео порака од Далај Лама, проследена со културен перформанс од страна на Тибетскиот институт за изведувачки уметности.

Обично, роденденот на духовниот водач е отворен за јавноста, кои би дошле во храмот Цуглакланг каде што се одржувале настапите, додека понекогаш и водачот се појавувал.

Оваа година, поради пандемијата со корона вирусот, прославите се поинтимни дури и зад затворени врати, додека на градскиот плоштад виси транспарент каде е одбележан неговиот роденден, а тибетските монаси делеле слатки и сок на минувачите пред затворениот храм.

“Многу луѓе навистина покажуваат дека ме сакаат. И многу луѓе навистина ја сакаат мојата насмевка”, вели Далај Лама со насмевка на почетокот на видеото.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести