spot_img
26.8 C
Skopje
вторник, јули 6, 2021
spot_img

„ТикТок“ го блокираше пристапот за децата под 13 години

Кинеска платформа за објавување видео снимки денес го блокираше пристапот за децата под 13 години на апликацијата „ТикТок“ и ќе користи вештачка интелигенција за да ја потврди возраста на корисниците, по неодамнешната смрт на 10-годишно девојче од Палермо кое изврши самоубиство со бесење , како последица на предизвик, Блекаут, поставен на самата апликација.

Италијанското тело за надзор ќе ја процени ефективноста на мерките објавени од „ТикТок“, објави АНСА. Смртта на девојчето на 21 јануари беше проследена со случај на 48-годишна жена од Сиракуза, Сицилија, која беше испрашувана за наводно поттикнување самоубиство објавувајќи видео на ТикТок, во кое се гледа како маж и жена обмотуваат околу устата и нос- друг предизвик на Блекаут.

Истражителите, во меѓувреме, ја проширија истрагата за смртта на една девојка од Палермо, поставувајќи прашања на Фејсбук и Инстаграм за тоа како е можно да се отворат сметки на нивните платформи.
Фејсбук соопшти дека целосно ќе соработува со истражителите, а што се однесува до влијателната ТикТокерка од Сиракуза, полицијата откри дека објавила повеќе снимки, со чија помош достигнал 730.000 следбеници од различна возраст. Тие следат околу 20 опасни предизвици, вклучително и вдишување на крем низ носот, затворање на очите со клешти и инсценирано кршење на раката со тенџере за готвење. Сите предизвици ги изведуваше жена од Сиракуза, а сите нејзини видеа беа отстранети.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести