spot_img
30.8 C
Skopje
вторник, јули 6, 2021
spot_img

Владата ќе ги одржи редовните 85-та и 86-та седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 11:45 часот ќе ги одржи 85-тата и 86-тата седница.

На 85-тата тематска седница, ќе бидат разгледани повеќе информации за склучување договори за инфраструктурни проекти од ТАВ програмата со 23 општини.

Веднаш по завршувањето на 85-тата, ќе започне 86-тата седница, на која меѓу точките на дневниот ред од Владината програма за работа и од интерес на граѓаните ќе се најдат и повеќе мерки и информации, кои се однесуваат на младинската политика, како една од приоритетите за проектирање на иднината на младите.

На седницата, министрите ќе ги разгледаат Предлог-програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2021 година, Информацијата за формирање на Национално советодавно тело за младински политики и повеќе информации за текот и изградбата или реконструкциите на спортски објекти, поднесени од Агенцијата за млади и спорт.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести