6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Д-р КОН ПРЕДУПРЕДУВА: Делта сојот најмногу ги загрозува младите

Главниот српски епидемиолог, д-р Предраг Кон објасни дека со новиот делта сој се најзагрозени младите, кој главно не се вакцинирани, но исто така оптимистички додава дека симптомите сега се нешто поблаги.

– Индивидуално кажано – болеста е иста. Некои дури велат дека е поблага. Симптомите се поблаги. Но, генерално, сè е многу слично. Смртноста сè уште не може да се тврди дека е помала, но на крајот, кога имате поголема стапка на инфекција, имате и поголем број на посериозно болни луѓе. Но, динамиката на сето ова станува незначителна кога знаеме дека вакцините се ефикасни, а мерките се исти. Така, треба да знаеме дека сè уште не сме достигнале колективен имунитет – рече српскиот епидемиологот д-р Кон.

Тој исто така додаде дека на пр. во Белград, вакцинирани се над 80 проценти од луѓето постари од 65 години, што, според епидемиологот, е доволно за овој вид да не направи врева како што правеа претходните соеви.се

Исто така, д-р Кон објасни дека е логично дека овој вид најмногу ги инфицира младите кога тие се најмалку вакцинирани возрасни групи.

– Кога набљудувате каде ќе оди овој вирус, јасно е дека тој ќе помине низ младите. Постои јасна промена кон помлада возраст. А, она што сега се открива, повторно е како на самиот почеток, е дека ова се сега помлади луѓе кои имаат почести контакти – рече д-р Кон.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести