13.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Хрватска и Италија го обновија спорот околу виното прошек или просеко

Главната асоцијација на земјоделци во Италија објави дека борбата на Хрватска за просеко, т.е. прошек, претставува „напад врз брендот Made in Italy“

Хрватска и Италија го обновија спорот околу виното прошек или просеко, со што Италија по втор пат се обидува да ги блокира напорите на Хрватска да добие специјално признание од ЕУ за своето десертно вино.

Во 2013 година, Италија успешно аргументираше дека „името прошек е премногу слично на италијанскиот назив просеко“, пренесува Гардијан. Хрватските винари тогаш застанаа во одбрана на своето вековно старо прошеко.

Италија најави дека ќе го брани просекото по секоја цена, откако Хрватска поднесе барање до Европската комисија за специјално признавање на прошек. Винарите од нашето соседство се согласуваат дека „двете имиња се слични“, но нивниот аргумент е дека потрошувачите можат лесно да ги разликуваат.

Претседателот на италијанската провинција Венето, Лука Заја, вели дека просекото „мора да се брани на секое ниво“. Главната асоцијација на фармери во Италија, Колдирети, објави дека борбата на Хрватска за просеко, односно прошек, е „напад врз брендот Made in Italy“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести