1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! БОБАН НИКОЛОВ ВО “ЛАЗАРОВ ШОУ” ОТКРИВА ЗА ЕМОТИВНИОТ РАЗГОВОР НА МУРИЊО И ПАНДЕВ, ЗА ФК ВАРДАР И ДАЛИ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО Е ДОСТИЖНО !? (видео)

Во духот на фудбалската еуфорија со ЕУРО 2020 во овие топли денови, гостин во “Лазаров Шоу” е еден од нашите херои, човекот кој секогаш го остава срцето на терен, Бобан Николов. Младинското Европско Првенство беше предвесник за убави денови за македонскиот фудбал, дел од момците од таа млада генерација направија совршен спој со искуството на Горан Пандев и останатите, а под водство на селекторот, популарниот Мрме напишаа историја, прво учество на Европско Првенство во Фудбал.

Бобан искрено раскажа за многу работи кои се случувале позади камерите, а она што сигурно сите ќе ве изненади е повикот на Жозе Мурињо веднаш по натпреварот со Холандија, емоциите, но и плановите и очекувањата за во иднина.

Стефан Лазаров како и секогаш спреми “незгодни прашања” за рубриката “Луто пиперче” каде се обиде да извлече моменти од приватниот живот на Бобан Николов. Во оваа емисија покрај стандардниот дел, ќе гледате и натпреварување на Стефан Лазаров и Бобан Николов на “зелениот терен”.

Сигурна забава, смеење, но и ексклузивни моменти кои за прв пат ќе ги дознаете, затоа не пропуштајте да погледнете во недела во 16:00 часот само на јутјуб каналот на Лазаров.


Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести