По 14 часа и 18 минути пливање Марко Пејчиновски ја оствари својата цел и го преплива Охридското езеро.
Марко делницата од Охрид до манастриот Свети Наум ја пливаше по повод празникот посветен на чудотворецот и исцелител Св. Наум Охридски.
Марко стана познат на македонската јавност кога пред три години, на 12 годишна возраст и покрај здравствените проблеми (некроза на ногата), успеа да преплива од Охрид до Свети Наум. Сега го повтори тој голем подвиг.
Погледнете го видеото ТУКА.
