9.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

ГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА АКЦИЈА ЗА ДРОГА ГИ ЗДРМА ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА – УАПСЕН И ЕДЕН ОБВИНИТЕЛ

Властите во Албанија, Црна Гора, Италија и Шпанија издадоа 38 налози за апсење по спроведена меѓународна операција за дрога.

Акцијата се спроведува во соработка со Специјалната антикорупциска структура (СПАК), независно судско тело од Албанија и италијанската антимафијашка група.

Меѓу уапсените има и високи албански функционери, како што е обвинителот од градот Валона, Максим Сота, кој во моментов е во домашен притвор, пренесува „Еуроњус Албанија“.

Според албанскиот Дејли њуз, петмина полициски службеници биле приведени и обвинети за корупција, злоупотреба на службената положба, перење пари и меѓународна трговија со значителни количини наркотици, а одземена е и одредена количина на имот.

Се сомнева дека целта на операцијата била група која шверцувала дрога и перела пари и дека државните службеници биле уапсени за злоупотреба на службената положба и корупција, додава албански „Дејли њуз“.

Наскоро се очекува да се одржи прес-конференција на италијанските власти на која ќе бидат презентирани деталите за оваа операција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести