10.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА НА ЛОС АНЏЕЛЕС (ВИДЕО)

Полицијата во Лос Анџелес се обиде да активира неколку тони нелегален огномет. Следуваше експлозија во која беа повредени повеќе од 17 лица, вклучително и полицајци.

Според „LA Times“, Одделот за експлозии на полицискиот оддел во Лос Анџелес се обидел на безбеден начин да активира запленети импровизирани експлозивни направи и неколку тони нелегален огномет, но тие биле, благо речено, неуспешно.

Експлозија во станбена област на Лос Анџелес
Експлозијата одекна во станбената зона, при што беа оштетени куќи и автомобили, а камионот во кој беше илегалниот огномет, беше сериозно оштетен.

Снимките од експлозијата и нејзините последици се шират на социјалните мрежи.
Началникот на полицијата во Лос Анџелес, Мајкл Мур, на прес-конференција рече дека полицајците пронашле неколку тони нелегален огномет и импровизирани експлозивни направи во една куќа, што тој ги опиша како нестабилни.

Одделот за заштита од експлозии тогаш ги префрли сите запленети експлозиви и огномети во железна комора во специјално возило наменето за транспорт на ваков материјал.

„Катастрофален неуспех“
Полицијата активираше нелегален огномет, верувајќи дека комората и возилото ќе можат да ја содржат експлозијата, но „дојде до катастрофален неуспех“.

  • Сè беше направено според протоколите за вакви ситуации, но очигледно се случи нешто во возилото што не требаше да се случи. Не знаеме зошто, но ќе дознаеме, рече Мур.

Во несреќата се повредени девет полицајци и еден федерален агент на Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви. Шест цивили се пренесени во болницата – тројца со сериозни повреди и тројца со полесни.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести