1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

НОВ ХАОС ВО МЕКСИКО: МАСАКРИРАНИ ТЕЛА РАСФРЛАНИ ПО АВТОПАТ ВО МЕКСИКО

Најмалку девет тела, од кои едното било обезглавено, се фрлени на автопат недалеку од градот Рејноса, близу границата со САД. Жртвите биле убиени за време на конфликтот меѓу ривалските нарко-кланови. Америка ги предупреди граѓаните да не патуваат во областа.

Траги на тортура се видливи на уште неколку тела.

Мексиканската полиција го обвинува североисточен картел или CDN, за обид за преземање контрола врз голем број гранични градови за ескалацијата на насилството.

Пред околу десет дена, вкупно 18 лица, вклучително и четворица напаѓачи, беа убиени за време на дивјачката рација од страна на членови на нарко картелот во Рејноса.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести