8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

ОВЕН

Работа: Не сте подготвени да правите промени. Сакате да пробате да одржите добра ситуација на моменталната работа.

Љубов: Пред вас е фаза во која ќе сакате помирување со поранешниот партнер.

Здравје: Проблеми со урогениталниот тракт.

БИК

Работа: Очекувајте нова шанса за работа. Подготвени сте максимално да се посветите на своите амбиции.

Љубов: Имате впечаток дека љубовното поле ви е променливо и не сте задоволни од односот со партнерот.

Здравје: Имунитетот ви е ослабен.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Не сте заинтересирани за работна понуда која стигнува до вас денеска. Подготвени сте да се посветите на поголеми цели.

Љубов: Ве очекуваат големи пресврти кога е во прашање полето љубов. Ќе бидете изненадени.

Здравје: Тахикардија е можна.

РАК

Работа: Не е поволен момент за промена на работата затоа што може да се покаете после погрешна одлука.

Љубов: Можно е да сте збунети и на љубовното поле да имате некои мали потешкории.

Здравје: Градниот кош е чувствителен.

ЛАВ

Работа: Очекувајте поволен ден за решавање на работни несогласувања од минатото.

Љубов: Не сте расположени за комуникација со саканата личност, се повлекувате и на некој начин станувате молчеливи.

Здравје: Синусите ви се чувствителни.

ДЕВИЦА

Работа: Осцилациите на работното поле многу ве оптоваруваат во следниот период. Не сакате работа под притисок.

Љубов: Не знаете како да се поставите во комуникацијата со личноста која ви значи.

Здравје: Зголемен апетит.

ВАГА

Работа: Во текот на денешниот ден ќе успеете да остварите мало поместување. Ќе бидете задоволни од ситуацијата.

Љубов: Сте одлучиле дека сакате да ја прекинете врската во следниот период.

Здравје: Покачен крвен притисок.

ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекува поволен ден. Работните планови ви се одвиваат онака како што се надевале и очекувале.

Љубов: Време е сами со себе да ги дефинирате љубовните цели. Бидете искрени и кон себе, и кон партнерот.

Здравје: Несоница.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Не сте заинтересирани за работни преписки и караници. Сметате дека работите може да се решат по мирен пат.

Љубов: Партнерот ви покажува незадоволство со кое овој пат и не умеете да се изборите.

Здравје: Нервна напнатост.

ЈАРЕЦ

Работа: Имате идеи и се трудите да ја покажете својата креативност за да ве прифати работното опкружување.

Љубов: Многу брзо менувате мислење околу симпатијата, и одеднаш доаѓа до нагло заладување.

Здравје: Имате многу енергија во себе.

ВОДОЛИЈА

Работа: Подготвени сте да дадете се од себе за на работното поле успеете да остварите подобрување.

Љубов: Барате партнер на кој ќе му ги покажете вистинските чувства и кој ќе биде подготвен да ја прифати вашата вистинска природа.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

РИБИ

Работа: Ве очекуваат промени во односите со соработниците. Можно е да не ви е лесно да остварите хармонија.

Љубов: Потрудете се повеќе да му верувате на партнерот отколку на гласините кои ги слушате за него.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести