1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Холандската полиција заплени скоро три тони кокаин и повеќе од 11 милиони евра во готовина од фарма во близина на аеродромот во Амстердам

Холандската полиција заплени скоро три тони кокаин и повеќе од 11 милиони евра во готовина од фарма во близина на аеродромот Шипхол во Амстердам.

Тоа е една од најголемите заплени на наркотици досега во Холандија. По долга истрага полицијата изврши претрес на имот во селото Квакел.

Запленетиот кокаин на црниот пазар би имал вредност од околу 195 милиони евра.

Полицијата заплени и луксузни предмети, вклучувајќи скапи вина, автомобил олдтајмер и книга за легендарниот американски боксер Мухамед Али, вредна 12.500 евра.

Запленети се шест оружја, придушувачи, муниција и бројачи на пари. Се верува дека дрогата била шверцувана од латиноамериканска мрежа и полицијата очекува да бидат уапсени повеќе лица во врска со случајот..

Двајца мажи, на возраст од 54 и 29 години, беа уапсени под сомнение за вмешаност во трговија со големи размери на дрога.

Тие се појавија пред истражниот судија во понеделникот и им беше наредено да бидат притворени 14 дена додека трае истрагата.

Холандија, со своето главно меѓународно пристаниште Ротердам, е клучен влез во Европа за дроги главно испорачувани од Јужна Америка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести