Холандската полиција заплени скоро три тони кокаин и повеќе од 11 милиони евра во готовина од фарма во близина на аеродромот Шипхол во Амстердам.
Тоа е една од најголемите заплени на наркотици досега во Холандија. По долга истрага полицијата изврши претрес на имот во селото Квакел.

Запленетиот кокаин на црниот пазар би имал вредност од околу 195 милиони евра.
Полицијата заплени и луксузни предмети, вклучувајќи скапи вина, автомобил олдтајмер и книга за легендарниот американски боксер Мухамед Али, вредна 12.500 евра.
Запленети се шест оружја, придушувачи, муниција и бројачи на пари. Се верува дека дрогата била шверцувана од латиноамериканска мрежа и полицијата очекува да бидат уапсени повеќе лица во врска со случајот..
In een boerderij in het dorp De Kwakel bij Uithoorn heeft de politie een gigantische hoeveelheid van bijna 3000 kilo cocaïne ontdekt. Naast de drugs lag in het pand ook nog eens elf miljoen euro aan contanten. https://t.co/5AnuMce0HX
— De Telegraaf (@telegraaf) June 29, 2021
Двајца мажи, на возраст од 54 и 29 години, беа уапсени под сомнение за вмешаност во трговија со големи размери на дрога.
Тие се појавија пред истражниот судија во понеделникот и им беше наредено да бидат притворени 14 дена додека трае истрагата.

Холандија, со своето главно меѓународно пристаниште Ротердам, е клучен влез во Европа за дроги главно испорачувани од Јужна Америка.
