Грчката полиција ја пронајде сликата „Женска глава“ од познатиот шпански сликар Пабло Пикасо, која беше украдена од Националната галерија во Атина пред повеќе од девет години.
Според полицијата, покрај оваа слика на Пикасо, пронајдено е и оштетено дело од 1905 година на холандскиот сликар Пит Мондријан.
Крадецот наводно има 49 години, пренесува ВВС.
Министерството за култура во Атина потврди дека тие слики се пронајдени.
Полицијата ја продолжи истрагата во февруари, бидејќи експертите сметаа дека сликата на Пикасо „Женска глава“ никогаш не се појавила на црниот пазар и никогаш не била земена од Грција.
Вредноста на сликата се проценува на 16,5 милиони евра.
Пикасо лично ја подари оваа слика, на која има жена во неговиот препознатлив кубистички стил, на Националната галерија во Грција во 1949 година.
Тој рече дека подарокот, кој го насликал една деценија порано, е награда за отпорот на Грција кон нацистите за време на Втората светска војна.
