10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Алемка Маркотиќ: Може да очекуваме четврти бран на коронавирусот на есен

Може да очекуваме четврти бран на коронавирусот на есен. Делта сојот се шири многу побрзо од алфа сојот. За очекување е дека тој може да го преземе водството во Европа за два дена и дека ќе се шири меѓу невакцинираната и ризичната популација, што ќе резултира со голем број хоспитализирани и мртви ако луѓето не ја земат вакцинацијата посериозно, изјави Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за заразни болести „Др. Фран Михајлевиќ“ во Загреб за „ХТВ“.

Таа посочи дека наскоро може да се очекува дека делта сојот ќе се прошири во Хрватска.

„Минатата година видовте дека беа потребни околу два месеци за да се прошири алфа-вирусот. Моравме да ја завршиме сезоната околу 15 август, овој сој би можел да го направи тоа порано. Минатата година имавме помлади кои имаа полесна форма на болеста. Сето ова беше сфатено како лесна болест. Она што можеме да го очекуваме е брза експанзија, сè уште не со висок процент во Европа. Сите институции го следат ширењето и ги предупредуваат луѓето да не се опшуштаат“, рече таа.

Маркотиќ уште еднаш повтори дека опасноста не е помината и ја истакна важноста сите да се вакцинираат.

„Вирусот е сè уште тука. Не смееме да заборавиме што се случи минатата година низ цела Европа и колку беше тежок и силен вториот бран, во кој многу животи беа изгубени и голем процент од луѓето се разболеа. Сè уште треба да бидеме многу сериозни, мора да се обидеме да ги задржиме сите мерки. Исто така, исклучително е важно луѓето да се вакцинираат што е можно поскоро“, предупреди таа.

Маркотиќ рече дека засега е тешко да се каже дали можеме да се надеваме на доживотен имунитет по вакцинирањето.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести