spot_img
34.8 C
Skopje
среда, јуни 30, 2021
spot_img

КОПНОТО ГОРИ: Пеколни температури во светот

Жешката воздушна маса го покри северозападниот дел на Соединетите Американски Држави и западниот дел на Канада.

Температурите со денови надминуваат 40° C, па дури и 45° C, а рекордер е внатрешноста на Британска Колумбија, каде температурата го сруши рекордот пред два дена и достигна 46,6° C, а вчера неверојатни 47,9° C, со што е соборен националниот рекорд за цела Канада.

Претходно, температурите во овој дел на Канада достигнуваа највисоки 44° C, а рекордот од 45° C беше на југот на Канада, долж границата со САД. Додека копното „гори“, студената океанска струја недалеку од брегот на Пацификот предизвикува многу благи температури од 16 до 24° C, додека на јужните и северните места долж крајбрежјето е околу 30° С.

Поради ваквата дистрибуција на температурата, разликата помеѓу брегот на Пацификот и внатрешноста на копното е повеќе од 20 степени и то на мал простор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести