После земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер со епицентар во масивот Орјен, кој го затресе Херцег Нови и го вознемири населението во саботата 26 јуни после полноќ, регистрирани се серија послаби потреси.
Дали ќе има следни потреси неможат да се превидат вели сеизмологот Милена Томановиќ од Хидрометеоролошко – сеизмолошкиот завод на Црна Гора. Едно е извесно дека во оваа институција внимателно да се следи оваа ситуација а јачината на земјотресот после овој кој се оценува како средно јак изнесувал од 1,8 степени до 3,2 степени по Рихтерова скала.
– Не би требало да се случи посилен потрес од овој, но во сеизмологијата нема правила. Во наредните денови ќе видеме каква ќе биде сеимичката слика – објаснила Томановиќ
Додал дека сепак за паника нема потреба, а фактот дека во градовите во Бока се почуствувал и во Република Српска, односно во БиХ и Хрватското приморје, го коментира како индикатор кој покажува како се ширело полето на интензитетот после потресот од 4,3 степени по Рихтерова скала.
Врз база на искуството во наредните денови можни се земјотреси во планинскиот масив на Херцегнови. Од националниот парк Орјен сугерирале, посетителите да обрнат внимание на теренот по кој се движат, да се одбегнуваат стрмнини, кршливи падини и спелеолошки објекти бидејќи тие места се потенцијално опасни за време на земјотрес поради можни рушења на стени и одрони.
