„Tesla“ повлекува околу 285.000 електрични автомобили од Кина затоа што функцијата „cruse-control“ што ја одржува поставената брзина може случајно да се активира и да предизвика нагло забрзување на автомобилот, што претставува безбедносен ризик, објавија денеска кинеските власти.
Во порака до потрошувачите на кинеската социјална мрежа Waibo, „Tesla“ изјави дека постојат „потенцијални безбедносни ризици во екстремни случаи“, пренесува АП.
Кинескиот орган за надзор на пазарот објави дека повлекувањето вклучува 211.256 седани „Model 3“ и теренски возила „ Model Y“ произведени во Кина 38.599, како и увезени 35.665 автомобили „ Model 3“.
Возилата се произведени од декември 2019 година до овој месец.
Надзорниот орган наведува дека „Tesla“ планира далечински да го надогради софтверот, така што оние што веќе купиле автомобили нема да мораат да ги возат до продавницата „Tesla“.
„Tesla“ ќе контактира со сопствениците на автомобили чии возила не можат да се поправат од далечина.
