Големото финале на најгледаниот музички натпревар во регионот, Ѕвездите на Гранд, се одржа вчеравечер, а победата ја однесе претставникот од Босна и Херцеговина, харизматичниот Махир Мулалиќ. За престижното признание се бореа 16 финалисти, меѓу кои и двајца Македонци – битолчанката Марија Груевска и Мите Стоилков од Скопје.
Од она што ќе остане запаметно е харизмата и скромноста на победникот Махир, кој и покрај животната трагедија која му се случи во самиот финиш од натпреварувањето (мајка му почина од корона), успеа со својот талент да застане на тронот и да ги „прегази“ особено колешките кои играа на картата голотија и сензационализам.
Махир е доказ дека кога станува збор за музиката пресудни се талентот и енергијата т.е. харизмата која ја носиме во себе, се друго е добредојдено, но не најважно.
Музиката се гледа и слуша, но она со што зрачи секој поединец не може апсолутно со ништо да се компензира, туку само да се зачини.

Со својот изглед на разочара Карлеуша за која со денови се зборуваше како ли ќе изгледа во финалето. И не разочара. Дојде во неверојатна тоалета, која само однапред изгледаше пристојно. Затоа што одзади во преден план и беше задникот.

Со сличен стајлинг и во стилот на својата менторка (Карлеуша) се појави и Белма Хусеинефендиќ која имаше настап во многу нешта сличен на спектакуларните на својата менторка. Белма се појави во садо-мазо костим со кој ги изненади и присутните и гледачите.

Не помалку впечатлив настап имаше и девојката од Битола, чие пеење не е спорно, туку збунувачка е желбата за истакнување во која како да изгоре во синоќешното финале (иако концептуално осмислениот настап во првото претставување имаше потенцијал). Марија на сцената се појави со полуголи мажи.
Полуголи девојки, пак, крај себе имаше и Немања, другиот претставник на Јелена, кому му играа девојки во црвени танга трикоа. На Селим му играше стомачна танчарка, а сами на сцената не беа ни Мите, ни Ивана…
