8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Најактивниот вулкан во Индонезија еруптираше повторно

Најактивниот вулкан во Индонезија, на островот Јава во близина на Џакарта, денес еруптираше повторно, исфрлајќи пепел високо во воздухот и испраќајќи низ падините запаливи гасни потоци лава по падината. Нема извештаи за жртви.

  • Облаци од врел пепел се искачија на висина од 1.000 метри, а потоци од лава и гас се слеваа по падината на планината Мерапи до три километри најмалку шест пати од утрото кога еруптираше вулканот, изјави Ханик Хумаида, шеф на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности во Џакарта.

Серија силни пирокластични текови беа ослободени од вулканската купола во внатрешниот кратер на вулканот висок 2.968 метри, додаде Хумаида.

Пирокластичен проток е вулканска појава која се состои од лавини на врели карпи, пепел и вулкански гасови.

Пепелта покри неколку села и околни градови, наведува АП и додава дека планината Мерапи во последните неколку недели забележала е зголемена вулканска активност. Индонезискиот центар за вулканологија не го подигна статусот на предупредување, кој веќе беше на второто ниво од постојните четири откако започна да работи минатиот ноември.

https://twitter.com/UniversoNews1/status/1406402210594971659

На локалното население кое живее на плодните падини на Мерапија им се препорачува да останат на растојание од километри од кратерот и да бидат свесни за опасностите од лавата. Вулканот се наоѓа на густо населениот остров Јава во близина на Џакарта. Тој е најактивен од над 120 активни вулкани во Индонезија и еруптираше неколку пати неодамна.

Во последната голема ерупција на Мерапија од 2010 година, починаа 347 лица. Индонезија, архипелаг со 270 милиони жители, е подложен на земјотреси и вулканска активност.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести