7.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ВО ЕПИЦЕНТАРОТ НА КАТАКЛИЗМАТА ВО ЧЕШКА

Автентичната снимка од торнадото низ селото Лужице во областа Ходонин ја покажа целата разорна моќ на овој природен феномен, што донесе уништување во одредени региони на Чешката Република.

Торнадо во регионот на Јужна Моравија, на границата со Австрија и Словачка, уби најмалку четири лица, јави Чешката телевизија.

  • Торнадото имаше брзина од 219 километри на час. Затоа едноставно рушеше куќи, автомобили или дрвја пред себе. Не е исклучено брзината на ветерот на некои места да беше уште поголема. Материјалната штета одговара на последиците од торнадото со интензитет Ф3 на скала од пет, со ветер помеѓу 254 и 332 км на час, изјави метеорологот Дагмар Хонсова за дневниот портал „Право“.

Во селото Хрушки, кое е едно од четирите најпогодени села, половина од куќите се претвориле во урнатини, пренесуваат чешките медиуми.

Министерството за локален развој веднаш издвои околу 17 милиони евра во буџетот како помош за реконструкција, бидејќи некои куќи се толку оштетени што ќе мора да бидат срушени, а луѓето од погодените области веќе можат да сметаат на итна прва помош од околу 2.300 евра .

Околу 75.000 домаќинства се без електрична енергија, 2.000 без гас, а неколку десетици предаватели не пренесуваат сигнали за мобилна телефонија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести