Најактивниот вулкан во Индонезија, на островот Јава во близина на Џакарта, денес еруптираше повторно, исфрлајќи пепел високо во воздухот и испраќајќи низ падините запаливи гасни потоци лава по падината. Нема извештаи за жртви.
- Облаци од врел пепел се искачија на висина од 1.000 метри, а потоци од лава и гас се слеваа по падината на планината Мерапи до три километри најмалку шест пати од утрото кога еруптираше вулканот, изјави Ханик Хумаида, шеф на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности во Џакарта.
Серија силни пирокластични текови беа ослободени од вулканската купола во внатрешниот кратер на вулканот висок 2.968 метри, додаде Хумаида.
#Merapi, Volcano Java
— Rita Bauer (@wischweg) June 25, 2021
26.06.2021 , 04:41 local time
special thanks for streaming the cam to PUSDALOPS KABUPATEN SLEMAN
please stay save and well all @pusdalopssleman https://t.co/UU2kf8e5bi pic.twitter.com/bMX0TUojQ9
Пирокластичен проток е вулканска појава која се состои од лавини на врели карпи, пепел и вулкански гасови.
Пепелта покри неколку села и околни градови, наведува АП и додава дека планината Мерапи во последните неколку недели забележала е зголемена вулканска активност. Индонезискиот центар за вулканологија не го подигна статусот на предупредување, кој веќе беше на второто ниво од постојните четири откако започна да работи минатиот ноември.
На локалното население кое живее на плодните падини на Мерапија им се препорачува да останат на растојание од километри од кратерот и да бидат свесни за опасностите од лавата. Вулканот се наоѓа на густо населениот остров Јава во близина на Џакарта. Тој е најактивен од над 120 активни вулкани во Индонезија и еруптираше неколку пати неодамна.
Во последната голема ерупција на Мерапија од 2010 година, починаа 347 лица. Индонезија, архипелаг со 270 милиони жители, е подложен на земјотреси и вулканска активност.
