3.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

РЕКОРДНИ ТЕМПЕРАТУРИ И НА СИБИР

Температури под нулата, снегот и мразот се асоцијација за Сибир, но во последните неколку недели, регионот на Арктикот е под влијание на рекордни топли бранови и температури кои достигнаа дури 48 степени.

Во Саскил, мало село на Арктикот, измерени се 31,9 степени Целзиусови, што е рекорд од 1936 година.

Во меѓувреме, во градот Верхојанск е измерена температура од 48 степени Целзиусови, што е највисока температура досега во тој регион, пишува „Daily Mail“.

Сателитските снимки покажуваат дека целиот Сибир деновиве има температури повисоки од 35 степени.

Просечната температура во јуни е околу 16 степени, така што расте загриженоста за пожарите и топењето на мразот. Во моментов се активни дури 64 пожари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести