Делта сојот на коронавирусот, кој е особено заразен, може да достигне 90% од новите случаи на инфекција во Европската унија (ЕУ) до крајот на август, објави денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
- Многу е веројатно дека Делта сојот на коронавирусот ќе циркулира во текот на летото, особено кај младите луѓе кои не се на списокот за вакцинација, рече директорот на Центарот, Андреа Амон.
Иако Алфа сојот на коронавирусот претходно откриена во Велика Британија сè уште е доминантна во Европа, Центарот предвидува дека Делта сојот, првично пронајден во Индија, ќе претставува 70% од новите инфекции во ЕУ до почетокот на август, и 90% до крајот на тој месец.
Европскиот центар, кој наведува дека Делта сојот е позаразен од 40 до 60 проценти од другите, повикува на забрзување на вакцинацијата.
Центарот исто така повика на претпазливост при укинување на мерките наметнати поради пандемијата на вирусот корона.
