6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Нуклеарен реактор во централна Јапонија стар повеќе од 40 години продолжи со работа

Нуклеарен реактор во централна Јапонија, стар повеќе од 40 години, продолжи со работа откако беше исклучен он мрежата пред десет години нуклеарна катастрофа.

Јапонската компанија „Kansai Electric Power“ објави дека реакторот Михама број три во префектурата Фукуи е вратен во мрежата во средата, откако работниците ги отстраниле контролните шипки во внатрешноста на реакторот, пренесува агенцијата АП.

Реакторот, кој започна да работи уште во 1976 година, е еден од најстарите во Јапонија. Тој е исто така еден од трите реактори управувани од „Kansai“, кои се одобрени за продолжување по нивниот првичен 40-годишен животен век.

Некои жители на Фукуи и околните области во понеделникот поднесоа предлог до Окружниот суд во Осака за забрана за стартување на реакторот поради загриженост за застареноста на реакторот.

Тој реактор доживеа несреќа во 2004 година кога од испукана цевка протекоа топла вода и пареа, при што загинаа пет работници, а уште шестмина беа повредени.

„Kansai“ планира да рестартира уште два „стари“ реактори – Такахама бр. 1 и бр. 2, кои исто така се наоѓаат во Фукуи.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга, кој во октомври минатата година вети дека Јапонија ќе постигне неутралност на јаглерод до 2050 година, неодамна ја постави целта за намалување на емисиите на јаглерод на 46 проценти од претходните 26 проценти.

Јапонија е една од најголемите светски емитувачи на јаглерод.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести