14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ДРАМАТА ВО ФЛОРИДА (ФОТО / ВИДЕО)

Рано утрово се урна 12-катна станбена зграда во близина на Мајами Бич. Најмалку девет лица се повредени.

Зградата се сруши околу 2 часот по полноќ по локално време. Во тек е операција за спасување. Се стравува дека има многу жртви и дека голем број луѓе се заробени во урнатините.

Повеќе од 80 пожарникари и спасувачи трагаат по повредените, соопшти Противпожарната служба.

https://twitter.com/AkakpoJamal/status/1407961832246087684

Според CBS, според првите извештаи, најмалку девет лица биле пренесени во болница.

Сведок кој престојуваше во хотел преку улицата рече: „Една од овие огромни згради исчезна, веднаш до нас.

  • Тоа е најлудата работа што сум ја чул во животот, рече човекот. Погледнете ја зградата, ја нема.

Некои луѓе беа собрани на тротоарот пред урнатините, откако успеаја да избегаат или беа спасени.

Луѓето во соседните згради беа евакуирани во блискиот центар за рекреација, изјави еден сведок за „ABC News“.

На социјалните мрежи, вознемирените граѓани споделуваат снимки на кои се гледа планина од урнатини што ја остави урнатиот објект.

https://twitter.com/AkakpoJamal/status/1407961832246087684

Во моментов е непознато што го предизвикало уривањето на зградата.

Зградата е изградена во 1981 година и во неа имало 136 станови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести