-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Еве кој го направил првото селфи

Селфињата можеби се модерен поим, но тие имаат историја подолга отколку што мислите. А тие се толку популарни што 21 јуни стана Меѓународен ден на селфито.

Терминот „селфи“ се чини дека првпат беше употребен со ова значење во 2002 година. Австралиецот Нејтан Хоуп ја фотографираше усната искината по падот предизвикан од пијанство претходната вечер и ја сподели со пријателите на интернет-форум, оправдувајќи го слабиот фокус со зборовите – „тоа беше селфи“.

Зборот не се користеше многу, сè до 2012 година. Сепак, тогаш развојот на технологијата одекна толку силно што се чинеше како целиот свет одеднаш да прави автопортрет со мобилен телефон. Уште во 2013 година, Оксфордскиот речник го прогласи терминот „селфи“ за зборот на годината.

Самиот овој „наслов“ придонесе изразот да стане уште позасилен во говорот, така што ќе може да се слуша скоро секој ден денес.

Но кој навистина го направи првото селфи?
Сепак, првиот познат фото-автопортрет е припишан на Роберт Корнелиус, кој направил дагеротип на себе во 1839 година.

Кај дагеротипот, нема негативи и сликата се прави директно на сребро-обложена плоча која е осветлена во комора, па сликата се изложува на пареа од жива и се фиксира со сулфур диоксид. Процесот е многу чувствителен, па затоа беше обложен со злато и хлор за заштита.

Во тоа време, сè одело многу побавно од денес – Корнелиус го извадил капачето на леќата, истрчал во кадарот и позирал помеѓу три и 15 минути. Кога е завршен дагеротипот, тој на задната страна напишал: „Првата светлосна слика што била направена, 1839 година“.

Доаѓањето на преносливата камера Кодак во 1900 година доведе до ширење на техниката за правење автопортрети со камера. Одразот во огледалото обично се снимаше, а камерата беше на некој објект во близина или на статив.

Следното познато селфи го направила руската голема војвотка Анастасија Николаевна во 1914 година, кога имала само 13 години. Така, таа стана првата тинејџерка која испратила селфи на пријател.

Во писмо, таа напишала:

  • Го фотографирав својот одраз во огледалото. Ми беше многу тешко бидејќи моите раце се тресеа.

Првата позната селфи фотографија, создадена на начинот на кој се прави денес, е направена во декември 1920 година. Таа е направена од главните фотографи на компанијата Бајрон, фото студио кое постои 128 години. На сликата, на која се гледаат пет фотографи, двајца ja држат камерата затоа што била претешка за едната рака.

Снимањето селфи цветаше во 70-тите години на минатиот век, кога камерите достапни за секого создадоа нов начин на изразување од страна на луѓето. Кон крајот на 90-тите години, дигиталните фотоапарати дојдоа да ги заменат оние со филм, а вистинскиот бум во користењето селфи фотографии во комуникацијата беше предизвикан од мобилните телефони со предна камера.

Денес селфињата се секојдневие. Работите можеби отидоа предалеку, па сè почесто се слуша дека правењето селфи е израз на нарцизам, а психолозите предупредуваат на негативните ефекти што „селфи културата“ може да ги има врз човечката психа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести