Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите пред британскиот парламент, кои се собраа да го изразат своето незадоволство од одлуката на владата да ја повлече претходната одлука за укинување на ограничувачките мерки воведени за да се спречи ширењето на вирусот корона.

Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицајци вадат палки и им кажуваат на луѓето да се оддалечат, додека во позадината се слушаат сирени, објави британскиот весник „Express“.
Демонстрантите се расправаа со полицијата, а оние што беа собрани пред Даунинг стрит носеа мегафони во знак на протест против одлуката на премиерот Борис Џонсон да го одложи укинувањето на ограничувачките мерки за 19 јули.
Можеше да се забележи полиција како извлекува една жена од толпата додека фрла друг демонстрант на земја.
Исто така, двајца полицајци ставија лисици на една жена, додека друга жена носеше транспарент „Бараме ТВ дебата за опасностите од вакцината против COVID-19“.
Вториот транспарент гласеше „Пркоси, спротивставувај се, непочитувај“.
Демонстрациите се случија во време кога за еден ден во Велика Британија беа регистрирани 10.633 новоинфицирани од коронавируси и пет смртни случаи.
