5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Премиерот Заев на работен појадок со амбасадорите на земјите од Вишеградската Група: Благодарност за земјите од В4 за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска присуствуваше на работен појадок во организација на амбасадорите на земјите од Вишеградската Група (В4).

Премиерот Заев, на средбата со амбасадорите на Полска Војциех Тицињски, на Унгарија Ласло Иштван Дукс, на Словачка Хенрик Маркуш, и на Чешка Мирослав Томан, ја изрази благодарноста кон Вишеградската група за силната поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, особено со цврстото застапување на агендата за проширување на ЕУ со земјите од регионот.

За време на работниот појадок претседателот на Владата Заев ги нагласи очекувањата од претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан со нивните колеги од Вишеградската Група од кој ќе се реафирмираат заложбите и пораките за поголема динамика на процесот за проширување на ЕУ.

Посебна тема на денешниот состанок со амбасадорите на земјите од Вишеградската Група беше размената на искуства за менаџирање на Фондот за Западен Балкан кој беше инспириран од соработката со В4, при што беше споделена определбата оваа соработка да продолжи и понатаму.

Премиерот Заев и амбасадорите од земјите од В4 за време на работната средба разговараа и за очекувањата од денешниот Министерски Совет за општи работи на ЕУ и изразија надеж дека ќе биде постигнато прифатливо решение за деблокирање на евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија засновано на предлогот на португалското претседателство со ЕУ.
 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести