spot_img
19.8 C
Skopje
вторник, јуни 22, 2021
spot_img

Владата ќе ја одржи 81-та седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 81-ва седница, на која според дневниот ред ќе бидат разгледани повеќе точки од владината програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според Дневниот ред, на денешната седница ќе се разгледуваат повеќе информации за проекти за унапредување на младинските политики меѓу кои Информацијата за Проектот „Дигитализирање на европската младинска картичка“, Информацијата за степенот на реализација на Законот за младинско учество и младински политики, како и Информацијата за формирање на Совет за млади и спорт, предложени од Агенцијата за млади и спорт.

Пред министрите на разгледување, на денешната редовна седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се најде и Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика.

За донесените одлуки и заклучоци од редовната 81-ва седница, која ќе започне во 13:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом истата ќе биде завршена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести