Крадци извршиле филмски грабеж во станот на Северина во Загреб. Според извори блиски на хрватската пејачка, во станот влегле непознати луѓе, ја врзале куќната помошничка, го собрале накитот и избегале во непознат правец.
За хрватски „Јутарњи лист“, Северина изјавила дека работите ќе се вратат, но не ѝ не и највредното нешто за неа.
Ова денес… разберете дека не можам да кажам ништо. Нека бидат сите, пред сè, живи и здрави. Секако, некои украдени работи имаат сентиментална вредност за мене, но полесно ќе се справам. Работите имаат вредност, но може да се надоместат, изгубеното време без моето дете никогаш не може да се надомести, изјавила Северина за „Јутарњи лист“.
Се наведува дека пејачката не била во станот за време на разбојништвото, а по грабежот имало неколку полициски автомобили пред зградата, при што била спроведена истрага.
