12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Гога Секулиќ признава: „За песната ‘Гаќички’ земав кредит, морав да го продадам автомобилот за да и платам на Марина Туцаковиќ (ФОТО)

Гога Секулиќ, популарната српска пејачка, зборуваше за својот живот и кариера во емисијата „Скенирање“, во која откри дека неколку пати морала да позајмува пари за да објави албум.

„За албумот ‘Гаќички’, морав да подигнам кредитот од банка кој до скоро го отплатќав, бидејќи веќе имав и кредит за станот“ – вели пејачката и додава дека не е сè толку лесно во светот на шоу-бизнисот како што мислат многу луѓе.

„Секој ќе рече дека го надоместуваме тоа за една ноќ, но тоа не е точно. Инвестициите се големи. Понекогаш наоѓам спонзор за видеоспот, но неколку пати татко ми или пријателите ми позајмија пари за снимање. Не некој да ми ги даде, туку ги позајмувам за да ги вратам како што треба“ – изјави пејачката.

Таа се осврна и на денешните песни, кои жестоко ги критикуваше.

„Некогаш, сите се срамеа да го изговорат името на мојата песна „Гаќички“, а денес таа е џентлменска песна“ – изјави популарната пејачка.  Гога откри и дека морала да го продаде својот автомобил за да и плати песна на Марина Туцаковиќ.

„Кога направив песна со Марина и Дамир, морав да го продадам автомобилот за да не им останам должна. Ми беше срам. А кога дивеев со Аудито А8 низ градот, тогаш сите прашуваа кој стои зад мене?“ – вели Гога и додава:

„Јас самата стојам зад себе! Никогаш не ме бркаа за пари, луѓето се многу фер. Се случи и убав гест, добив прекрасна балада од Саша Лазиќ“ – вели Гога.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести