Копија од познатата слика „Мона Лиза“ од ренесансниот сликар Леонардо да Винчи од 17 век е продадена денес на аукција во Париз за 2,9 милиони евра.
Рекордна сума за репродукција на ова ремек-дело издвои европски колекционер, пренесува Ројтерс.
Репликата, именувана како „Мона Лиза на Хакинг“ по нејзината сопственичка која неуспешно тврдеше дека ја купила копијата во 1950-тите како оригинал, е една од многуте репродукции на оригиналната слика сместена во музејот Лувр во Париз.
Ова е лудило, ова е апсолутен рекорд за репродукција на Мона Лиза – изјави портпаролката на аукциската куќа „Christie’s“.
Таа изјави дека 14 понудувачи се натпреварувале на меѓународната лицитација и дека во последниот час понудата скокнала од 500.000 на 2,4 милиони евра, така што последната понуда достигнала 2,9 милиони.
