11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ДРАЧ: МАКЕДОНЕЦ УАПСЕН СО 300 КИЛОГРАМИ КОКАИН (фото)

На пристаништето во Драч, Албанија, денеска се запленети околу 300 килограми кокаин. Кокаинот бил сокриен во камион со македонски ознаки, кој што требало да замине за Италија.

Како што може да се види и од самата фотографија објавена од страна на полиција, кокаинот бил спакуван во пакети и под логото на светски познатите брендови „Чикаго Булс“, „Кензо“, „Диор“, како и под логото на францускиот фудбалски гигант ПСЖ.

Како што информираат од албанската полиција, со камиотнот управувал македонскиот државјанин Н.А (40).

Сега истрагата треба да открие, дали дрогата била натоварена во Македонија и ја поминала границата и истата не била откриена, кој стои зад тоа и која била финалната дестинација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести